Луѓе короната не е шега, рече поранешната спајсица Мелани, која петта недела се бори со опасниот вирус

пред 5 години

Поранешната членка на британската група „Спајс грлс“, Мелани Браун (46) веќе петта недела се бори со опасниот коронавирус и им порача на сите дека оваа болест е многу сериозна.

„Во главата сум на Малдивите. Какво прекрасно место, кристално чисто море и моето размазено однесување во вилата наречена по мене. Но, во реалноста сум во кревет и се обидувам да го победам вирусот“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scary Spice Mel b (@officialmelb)

Во продолжение таа напиша дека болеста не е шега, и дека во ова тешко време ужива со филмовите на „Нетфликс“.

„Жал ни е што си болна. Ти посакуваме брзо опоравување“, и порачаа фановите.

За потсетување, Мелани има три ќерки, кои ги доби во браковите со Џими Гулзар, Еди Марфи и Стефан Белафонте.

Share
Scroll to Top