Поп ѕвездата Мадона по три години врска раскина со танчерот Ахламалик Вилијамс. По раскинувањето, дваесет и осум годишниот танчер се иселил од нејзиниот дом, но тие останале и понатаму во добри односи.
Во моментов Мадона е посветена на снимањето на нејзиниот биографски филм, снимање нови песни и се посветила на нејзиниото семејство.
Извор близок до парот за магазинот „The Sun“ изјавил дека било тешко да се одржува нивната романса, бидејќи и двајцата биле фокусирани на нивните индивидуални работни прокети.
Мадона и Ахламалик во љубовна врска се од 2019 година, четири години откако го запозна на нејзината турнеја „Rebel Heart“. Во тоа време, тој беше еден од танчерите на турнеја со неа.