Мадона ја избра Џулија Гарнер да ја игра во биографски филм

Мадона ја избра Џулија Гарнер да ја игра во биографски филм

пред 2 години

Глумицата Џулија Гарнер (28) ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот и го напиша сценариото заедно со оскаровката Дијабло Коди („Џуно“).

dobivaj vesti na viber

„Сакам да го раскажам неверојатното патување низ коешто ме однесе животот како уметница, музичарка, танчарка, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, кажа Мадона.

Гарнер освои две награди Еми за  серијата „Озарк“, а неодамна беше актуелна со серијата „Измислувањето на Ана“.

Share
Scroll to Top