Макарунс колачи по оригинален рецепт

Макарунс колачи по оригинален рецепт

пред 1 година

Потребни состојки:

15гр. какао
100гр. мелени бадеми
50 гр. мелени лешници
150гр. шеќер во прав
50 гр. цврсто изматени белки

150гр. шеќер
40гр. вода
60гр. цврсто изматени белки

Начин на подготовка:

Ситно смелете ги излупените бадеми и лешници, па убаво просејте ги, заедно со шеќерот во прав и какаото. Отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав. Додадете ја оваа смеса на белките (неизматени) и измешајте ја со шпатула и ќе добиете прилично мазна смеса.

Направете сируп од вода и шеќер. Во меѓувреме, изматете ги до половина белките. Продолжете да мешате и да додавате по малку од готовиот сируп додека е жежок, па матете додека целата смесата да стане млака.

Спојте ги внимателно двете смеси (мешавина од бадеми и лешници и сирупот со белките) и мешајте со преклопување со шпатула додека смесата не омекне, а е густа за да се одлепува од садот.

Обложете го плехот за печење со хартија. Со шприц за декорација со обичен тркалезен отвор, ставајте од смесата врз обложениот плех, но не истискувајте премногу од смеса бидејќи самата дополнително ќе се прошири. Оставете да се исуши половина до еден час, па печете на 150 степени 10-15 минути. Отстранете ги готовите колачи од подлогата откако целосно ќе се оладат. Поврзете две колачиња со малку нутела.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
    Tao không top thì mày khỏi top shor movi bbw lêu lêu mãi yêu ^^ Lêu lêu ăn cắp chất xám xhsmter lêu lêu :P
Scroll to Top