Македонецот Зоран Петровски победи во бугарскиот „Survivor“

Македонецот Зоран Петровски победи во бугарскиот „Survivor“

пред 4 години

Македонецот Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Преживеан: Скриениот идол“ кое оди на на bTV. Зоран ја доби  главната награда од 150.000 лева, пренесоа бугарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот режисер, кој веќе 20 години живее во Бугарија, е роден во Скопје. Во брак е со актерката Силвија Петкова која ја запознал додека работел како режисер на серијата “Револуција 3 “,во која  таа  глумеше, ама врска ја почнаа во  2016госина. Двојката има син.

„Чувството на победа е одлично. Ви благодарам.  На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев вистински од почеток до крај“, изјави Зоран по победата ко зад себе има режирано многу серии и реклами, а работи и на снимање  филмови.

Гласањето беше на Филипините и во емисијата се гледаше дека водителот Владо Карамазов, ја зема гласачката кутија од преживеаните и ја однесе во студиото каде што се емитуваше во живо во Софија. Од реалното шоу се потсетија на љубовните приказни меѓу учесниците, нивните партнерства, нивните најтешки моменти. Според многумина Зоран ја направил сезоната возбудлива.

Share
Scroll to Top