Нешта кои можеби не сте ги знаеле за оргазмот

Нешта кои можеби не сте ги знаеле за оргазмот

пред 3 години

Се борите ли со постигање оргазам? Не сте сами!

Оргазмот со годините станува сè подобар

Спротивно на она што можеби сте мислеле, вашиот сексуален живот се подобрува како стареете – особено кога станува збор за тоа колку често доживувате оргазам и колку е добро чувството. Тоа нема никаква врска со вашето тело, туку со вашето сексуално искуство и со добрата врска полна со доверба. Значи, со годините вашите гради можеби нема да бидат така цврсти, но ако сексот станува сè подобар, што ви е гајле?

Најмалку една третина жени имаат проблеми со постигнување оргазам

Се борите со постигање оргазам? Не сте сами! Според некои истражувања, женската сексуална дисфункција ги погодува дури 43% од жените и тема е на многу истражувања. Причината за тоа може да биде депресија, болести на штитната жлезда или дијабетес. Ако сте ги исклучиле сè од наведеното, мастурбацијата ќе ви помогне да го запознаете своето тело и ќе научите што најмногу ви одговара.

80% жени не постигнуваат вагинален оргазам

Филмовите во кои хероините вриштат после неколку минути секс и книгата „Педесет нијанси сиво“ се доволни жената да развие комплекси поради не постигнување оргазам. Но вистина е дека дури на 80% од жените им е потребна и стимулација на клиторисот за да свршат. Ќе ви помогне пронаоѓањето на Г-точката – таа содржи многу нервни завршетоци и ќе ве доведе до подлабоки, појаки оргазми.

На жените во просек им е потребно 20 минути за да дојдат до оргазам

На повеќето жени им е потребно околу 20 минути сексуална активност за да постигнат оргазам. Тоа може да фрустрира ако знаеме дека на мажите им се доволни и 20 секунди… Тоа е една од причините зошто предиграта е многу, многу важна. Доколку вашиот партнер свршува многу порано, променете ја позата така што ќе добиете максимум стимулација додека тој добива помалку. Најдобра поза е онаа кога вие сте горе.

Оргазмот е поврзан со вашата самодоверба

Доколку се чувствувате чудно кога станува збор за вашето тело и вагина, ќе имате повеќе проблеми со опуштање на телото во текот на сексот. Не постојат две вагини кои изгледаат еднакво и не постои стандарден облик или величина. Спознанието дека вагината е дел од вашата посебност – ќе ви ја поткрене самодовербата и ќе ви помогне полесно да постигнете оргазам.

Share
Scroll to Top