Македонија не влезе во финалето на Евросонг

Македонија не влезе во финалето на Евросонг

пред 3 години

Македонскиот претставник Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето на годинашниот Евросонг, што се одржува во Ротердам, Холандија. Тој вечерва настапи шести и ја испеа песната Here I Stand, која ја напиша самиот.

Од 16. земји учеснички кои пееја во првото полуфинале, десет влегоа во финалето: Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Тие заедно со уште десет земји од второто полуфинале, земјата домаќин Холандија и членките на големата петорка: Италија, Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, ќе настапат во финалето што ќе се одржи во сабота, на 22 мај во „Ахој“ арената.

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај (четврток) од 21 часот.

Share
Scroll to Top