Македонка стана кралица на фотогеничност во Евроазија

Македонка стана кралица на фотогеничност во Евроазија

пред 3 години

Катарина Јовановска (24) од Тетово ја освои титулата за најфотогенична девојка на изборот Кралица на Евроазија 2021, што се одржа во Анталија, Турција.

Катарина е членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина. Изборот традиционално секоја година се одржува во Анталија во ноември.

„Во финалето Катарина беше облечена во модели кои специјално за неа за овој избор ги изработи студиото ‘Краљевски’. Изборот се одржа во луксузен хотел во Белек. Таму 30. финалистки престојуваа 10 дена и се подготвуваа за изборот“, рече за „Репортер“ Мики Црнокрак.

Кралица на Евроазија е претставничката на Белорусија.

Share
Scroll to Top