Македонскиот модел Мухамед Енуз изгледа светски во едиторијалот за списанието „Гензо“

Македонскиот модел Мухамед Енуз изгледа светски во едиторијалот за списанието „Гензо“

пред 2 години

Македонскиот модел Мухамед Енуз сними едиторијал за модното списание „Гензо“. Тој направи серијал од десетина фотографии во различни стајлинзи и доби комплименти за својата работа.

Претходно Мухамед, кој е интернационален модел на агенцијата „Моделс ИН“, работеше за повеќе светски брендови како „Балмеин“, „Монклер“, како и кампањата за новиот парфем на дизајнерот Јони Пеци.

„Уникатен, харизматичен и моден според сите стандарди Енуз едноставно припаѓа на светскиот моделинг. Ние како негова матична агенција во соработка со ‘Фокс моделс’ од Белград го пласиравме мината сезона во Милано. За сезоната која доаѓа ги разгледуваме најдобрите опции и наскоро заедно ќе ја избереме неговата следна дестинација“, велат од „Моделс ИН“.

Share
Scroll to Top