Седумнаесет македонски репрезентативци во боречки вештини изминатиот викенд освоија 18 медали на балканското првенство „Абу Даби комбат клуб“ во Сараево.
Ева Илиевска, Марија Мичов, Даниела Алексовска, Томи Блажевски, Анџела Стамкова, Марко Трајановски и Војин Таневски освоија златни медали.
Осум сребрени медали освоија Јорго Проја, Михаил Ташковски, Никола Цветановски, Христијан Чолески и Георги Прензоски.
Додека бронзени медали освоија Александар Поповиќи и Стефан Пецески.