Манескин победи со плагијат на Евровизија- нови проблеми со италијанскиот бенд

Манескин победи со плагијат на Евровизија- нови проблеми со италијанскиот бенд

пред 4 години

Италијанскиот бенд „Манескин“, повторно е во центарот на вниманието. Откако пред неполн месец ја освоија „Евровизија“ со песната „Зити е Буони“, се појавија обвинувања дека песната можеби е плагијат, пренесуваат италијанските медиуми.

Јорис Лиснс, член на рок-групата „The Vendettas“, во изјава за холандската РТЛ изјави дека победничката песна „Зити е Буони“, која победи прво на „Сан Ремо“, а потоа и во Ротердам, потсетува на делови од неговиот хит “You want it, you’ve got it”.

„Овие млади луѓе сè уште не беа родени кога го имавме нашиот рок бенд“, вели Лиснс, додавајќи дека не е целосно сигурен дали некои делови од нивната нумера се украдени, како и дека неговата музичка група нема да преземе никакви законски мерки против италијанските пејачи.

Share
Scroll to Top