Гибон од зоолошката градина во Загреб прогнозираше дека победник на вечерашниот меч меѓу Хрватска и Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар, ќе биде Хрватска.
Беа поставени две кутии со аргентинско и хрватско знаме пред семејството на гибонот кое избра да јаде од онаа со аргентинското знаме, додека главната ѕвезда ја избра кутијата со хрватското знаме, со што Кент ја предвиде победата на Хрватска.
Инаку гибонот Кент е долгогодишен фудбалски прогнозер на зоолошката во Загреб. Но освен што погодува, гибонот знае и да ја погреши прогнозата како со натпреварот помеѓу Хрватска и Канада дека ќе заврши нерешено.
За мечот со Белгија ја предвиде и победата на Хрватска, но мечот заврши нерешено. Попрецизна беше неговата прогноза за осминафиналето. Кент ја избра Хрватска, а пламените ја елиминираа Јапонија со подобро изведување пенали.