Медведев го урна сонот на Ѓоковиќ и ја освои титулата на УС опен

Медведев го урна сонот на Ѓоковиќ и ја освои титулата на УС опен

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до „календарски-слем“ откако немаше сила во финалето на УС опен против рускиот тенисер Данил Медведев кој заслужено стигна до првата гранд-слем титула во кариерата.

Русинот на убедлив начин со 3-0 по сетови 6-4, 6-4 и 6-4 успеа да го спречи српскиот тенисер да испише историја.

Новак Ѓоковиќ останува на бројката од 20. гранд-слем титули исто колку што имаат освоено и најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, што значи дека со оваа бројка сите тројца ќе го пречекаат новото издание на Австралија опен во 2022 година.

Share
Scroll to Top