Мексиканска актерка е убиена на улица додека го чекала синот од фудбал

Мексиканска актерка е убиена на улица додека го чекала синот од фудбал

пред 3 години

Мексиканската актерка и пејачка Тања Мендоза била убиена во вторникот попладнето, додека го чекала синот пред фудбалската академија во државата Морелос, пренесува „Дејли мејл“.

Тања била со родителите на другите деца кои тренирале во истата академија. Додека ги чекале децата, двајца непознати мажи застанале пред комплексот, а едниот од нив кој бил на мотор, влегол во кампусот и ја застрелал. Двајцата потоа побегнале во непознат правец.

Кога дошла полицијата, Тања веќе била мртва. Таа стана славна по улогата во филмот La Mera Mera Reyna del Sur во 2005 година. Покрај со глума Тања била и пејачка и имала издадено 5 албуми. Во 2010 година била киднапирана со сопругот и синот, кој тогаш имал 6 месеци.

3 маскирани мажи ги киднапирале од пред нивниот сало за миење автомобили и ги однеле во непозната локација. Откако ги претепале, по 5 часа ги ослободиле. Неколку дена подоцна, тие добиле заканувачки пораки во кои киднаперите им барале пари и им порачале да се иселат од државата.

Семејството Мендоза неколку пати по трагичниот настан се пожалиле до државното обвинителство заради смртните закани.

Share
Scroll to Top