Менсон имал стаклена соба за мачење на жените, 15 девојки го обвинија за сексуално злоставување

Менсон имал стаклена соба за мачење на жените, 15 девојки го обвинија за сексуално злоставување

пред 3 години

Контроверзниот пејач Брајан Варнер, познат како Мерилин Менсон, се соочува со нови обвинувања за злоставување. 15 жени го обвинија за сексуален и физички напад.

Една од жртвите е и неговата поранешна девојка Ешли Морган. Таа рече дека го тужи за сексуално злоставување, но и тежок облик за одземање на слободата на движење.

Девојките велат дека Менсон ги злоставувал во станот кој го купил, а во кој имало вградена стаклена и звучно изолирана соба, која првично му била наменета за електрична музика.

„Прво ни велеше дека собата му била многу кул, а потоа ни ја опиша како исклучително наменета за лица кои сака да ги казнува. Во неа се боревме, а кога ќе викневме никој не можеше да ме слушне“, рече Морган.

Некои извори блиски до пејачот велат дека и самиот Менсон ја нарекол оваа соба за злоставување на девојки. Тој наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел, порнографски фотографии на ѕидовите, како и свастика. Исто така ја држел температурата на многу ниско ниво.

Неговиот асистент тврди дека ваквата соба постои, но, дека тој никогаш не заклучил никого внатре. Пејачот ги отфрли сите обвинувања и тврди дека неговите сексуални односи биле со согласност на девојките.

Share
Scroll to Top