Соственичката на пекарата, во својата објава на Инстаграм пишува дека слушнала како нејзината вработена вреска довикувајќи дека мечката влегла во гаражата.
Мечката која успеала да изеде дури 60 колачи, а пекарот ја избркал откако притиснал силно на сирената од автомобилот. Додека да пристигнат полицајците и службениците од Одделот за енергија и заштита на животната средина во Конектикат (DEEP), мечката крадец веќе избегала.
Статистиката покажува дека имало рекордни 67 извештаи за мечки кои влегле во домовите во Конектикат во изминатата година.