Позната водителка Милена Антовска пред два месеци се породи со втората ќерка Јоана. Сепак по два месеци од породувањето таа се појави на една од телевизиите и во очи паѓа дека за картко време се вратила во топ форма. Неодамна таа во интревју за ни раскажа дека симболично е што и двете децаи се родени на големи празници.
Постарата ќерка Лана Марија има четири и пол години и таа е родена на Голема Богородицаа. Јоана пак се роди на Василица. Таа ни откри дека во текот на бременоста немала проблем со килограмите и дека сега, освен она што е природно малку кај стомакот, верува дека бргу ќе се врати на претходната тежина.
„Јас и во првата бременост со Лана Марија не се здебелив и многу бргу се вратив на старата форма. Верувам дека и сега ќе биде така“, искрена беше е водителката.
Милена Антовска: Потешко поминав со второто породување, ама сега уживам со двете ќерки