Милица Трајков од Кавадарци со критики од жирито на „Гранд“: имаш голем талент и пукаш со енергија, само одбери песни што ти одговараат

Милица Трајков од Кавадарци со критики од жирито на „Гранд“: имаш голем талент и пукаш со енергија, само одбери песни што ти одговараат

пред 1 година

Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци овој пат во натпреварувањето на музичкото шоу „Гранд“, освои 4 гласа и доби критики од жирито. Милица ја отпеја „Црно и бело“ од Калиопи и „Слатка мала“ од Јелена Карлеуша.

Настапите прва ги коментираше Марија Шерифовиќ, па на Милица и рече дека претерала во задачата.

„Ти си храбра девојка и имаш сериозен потенцијал, квалитети и темели. Сепак, мислам дека малку претера во задачата што си ја имала. Не знам од каде ти е толку изморено вибрато на 18 години. Се протега како да е 6 часот и 15 минути наутро, а вие 8 часа пеете свадба“, рекла Марија.

На Ѓорѓе Давид му се допадна изборот на песни на Милица, но имаше и замерки.

„Песната на Калиопи ти стои, но твоите пејачки способности се мали и би требало да работиш на многу елементи. Обидувајќи се да го достигнеш тој крик, мислам дека беше на работ да ти пукне грлото. Тоа те чинеше и во втората песна. Избери ги песните што ти одговараат, како во претходниот круг. Се сеќавам на она „Мотори“. Изгледаше како некоја вамп Европејка, излезе овде и искина. Совршено. Но, ова денеска не беше добро“, рече Ѓорѓе.

Цеца за Милица рече дека пука од енергија и има голем талент.

„За малку ќе експлодирате на сцената за да ни покажеш што знаеш во еден момент. Но, понекогаш едноставно не може. Мислам дека песната на Калиопи ти беше претешка, но навистина се трудеше“, изјави Цеца.

Ментор на Милица во шоуто е Мили.

 

Share
Scroll to Top