Милијардер ги споделил милионите со вработените, секретарката му се пензионирала на 36. години

Милијардер ги споделил милионите со вработените, секретарката му се пензионирала на 36. години

пред 7 месеци

Милијардерот Метју Молдинг (48) ги споделил своите милиони кои ги имал со своите вработени, пренесуваат британските медиуми. Неговите вработени до толку се збогатиле, што неговата секретарка можела да се пензионира и на 36. години.

То ја остварил една од најголемите исплати во британската историја, откако цените на акциите во неговата фирма The Hut Group рапидно пораснале.

Молдинг исплатил неверојатни 933 милиони евра и целосно ги згрижил неговите вработени во фирмата. Од благодарност кон посветеноста на работата, тој на вработените минатата година им поделил удел од околу 23 милиони евра.

Некои од нив со тоа станале мултимилионери и едноставно одлучиле да се пензионираат.

„Никој не доби помалку од неколку стотина илјади евра“, објаснил Молдинг.

Тој признава дека подоцна почнал да се занимава со деловни работи на интернет. Во 2004 година, со Џон Галемор, почнал да продава цедиња, а во изминатите 16. години, неговото богатство рапидно се зголемило.

Неговата фирма поседува околу 100 вебсајтови, кои се занимаваат со продажба на разни производи. Од козметика, па сè до протеински суплементи.

Иако The Hut Group на берзата се најде во септември, вредноста на акциите драпидно скокнала. Молдинг е татко на четири деца и живее во Ланкшир. Тој изјавил дека е радохоличар, кој со својата деловна империја управува преку мобилен телефон.

Работи во текот на целиот ден и пие по 20 шолји кафе. И покрај сè, тој води сметка за своето здравје и редовно оди во теретана. Сепак често знае да си дозволи и луксузни патувања со неговото семејство.

Годишната негова плата изнесува 750.000 фунти, кои добар дел од нив, ги дава за добротворни цели. Уште дополнителни 10 милиони фунти дава за помош за борбата против коронавирусот.

Кога станува збор за вработените во неговата фирма, за кои тој се погрижил, секој од менаџерите, па до самиот возач, кој го вози до аеродром, добил одредена сума на пари.

Неговата лична асистентка, благодарениа на парите од акциите кои ги добила, одлучила да се пензионира на 36. години.

Share

4Anime 4anime in english: Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full

AniWatch anime websites: Naruto (https://aniwatch.pro/m/68aQ) Episode 220

Scroll to Top