Ми рекоа само да се смешкам и да покажувам бројки, а плата речиси ич: Сузана Манчиќ за времето кога беше најпопуларна лото-девојка

Ми рекоа само да се смешкам и да покажувам бројки, а плата речиси ич: Сузана Манчиќ за времето кога беше најпопуларна лото-девојка

пред 2 години

Познатата лото-водителка Сузана Манчиќ отворено зборуваше за дненовите кога била популарна, рече дека затоа што работата ѝ била многу лесна, била и многу слабо платена.

„Бев платена смешно затоа што телевизијата плаќаше од минута, а јас немав премногу работа. Мојата прва емисија помина и без тон затоа што тапанот беше премногу гласен, а мене не можеа да ме озвучат. Но, во наредните емисии го решија тој проблем“, рече Сузана.

Таа се потсети на деновите кога студирала и кога се одлучила да го заврши факултетот по секоја цела. Тогаш ја викнале да води емисија, но не ѝ кажале дека станува збор за лото.

„Тие ми рекоа дека само треба да се смешкам и да покажувам бројки. Јас, пак, мислев дека затоа што во тој период бев ѕвезда и дека бев многу популарна, треба малку и да зборувам“, раскажа Сузана.

Таа го водеше лотото четири години, а ја викале секојпат кога требало да снимат слична емисија.

„Тогаш бев многу популарна, па постојано ме викаа кога нешто слично ќе им излезеше. Тоа траеше четири години, но не ми е жал што си заминав“, рече Манчиќ.

Share
Scroll to Top