Аларов и Јагуриновски потпишаа за Вардар, две нови засилувања за клубот од Јане Сандански

Аларов и Јагуриновски потпишаа за Вардар, две нови засилувања за клубот од Јане Сандански

пред 1 година

Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата, Михаил Аларов, се новите засилувања на Вардар. Тие ќе почнат да играат за клубот од „Јане Сандански“ во пролетниот дел од сезоната за да му помогнат да ја одбрани двојната титула.

Аларов и Јагуриновски, кои се досегашни ракометари на Пролет, требаше да дојдат во Вардар од јуни и да останат таму две сезони. Но клубовите се договорија двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ уште овој месец, објавија од Вардар.

Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски ќе им се приклучи на играчите по завршувањето на настапот на СП во Полска, каде што е со репрезентацијата на Македонија.

Јагуриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, каде што ја почна кариерата. Тој помина една полусезона на Исланд, но потоа пак се врати во Македонија. Игра на позицијата десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Тој е веќе стандарден дел од репрезентацијата на Македонија.

Аларов важи за еден од најперспективните пивотмени во македонското првенство. Неколку сезони игра стандардно добро, а се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија. Во Вардар на позицијата пивотмен ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов.

Share
Scroll to Top