Бети го скрати фустанот за посетата во Чешка

Бети го скрати фустанот за посетата во Чешка

пред 8 месеци





Претседателот  Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска се во официјална посета на Чешка. За оваа посета првата дама одбра бордо миди фустан во комбинација со бордо салонки.

Инаку фустанот Ѓоргиевска го носеше на традиционалниот годишен прием за дипломатскиот кор оваа година, на кој претседателот беше домаќин. Истата креација е адаптирана за посетата во Чешка.

„За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска. За официјалната програма од посетата  Ѓоргиевска носеше фустан во црвена боја (бургунди), со чевли во иста боја. Комбинацијата веќе ја има носено во други прилики, а сега фустанот е адаптиран и изработен од македонски кројачи. Чевлите се исто така од македонски производител. Ѓоргиевска го почитува принципот на одржлива мода и се обидува да го практикува секогаш кога може“, изјавија за Репортер од кабинетот на претседателот.






Share
Scroll to Top