ММА борец си го убил докторот додека се расправале за вакцинирањето против ковид

ММА борец си го убил докторот додека се расправале за вакцинирањето против ковид

пред 4 години

Руски ММА борец Кожиев АК47 е уапсен откако наводно го убил локалниот доктор на американскиот остров Гуам, откако претходно се расправал со него за ковид вакцините. Неколку медиуми од местото Тамунинг, пренесоа дека Кожијев го направил убиството минатата недела.

27 годишниот борец сега се соочува со обвинение за убиство од прв степен со смртоносно оружје и напад од втор степен исто така со смртоносно оружје. Неговата кауција наводно е одредена на милион долари.

Според еден од сведоците, Кожиев и доктор Миран Рибати, кој бил радиолог во Меморијалната болница на Гуам, се скаралае во еден од стамбените комплекси каде живеел Русинот, а потоа и физички се пресметале.

Кожиев кој професионален борец, неколку пати бил виден како протестира против задолжителната вакцинација. Тој наводно прво го давел Рибати, сè додека докторот не се онесвестил, а потоа употребил и коска од животно од оброкот кој го поделиле и го прободел во грло.

Осомничениот потоа земал и нож и уште еднаш ја прободел жртвата. Полицијата во Гуам го нашла Рибати целиот крвав, а Кожиев им ја признал вината.

„Јас го убив, јас го убив, јас го убив“, наводно им викал тој.

Болницата во која Рибати работел излезе со соопштение во кое таа го пофали докторот за посветеноста и вештините кои ги покажувал како лекар.

Сепак оние кои го познавале, како што е и ветеранот и поранешен ММА борец Џеј Џеј Амброуз вели дека веста за убиството не била изненадување за него и дека неговиот колега не бил истиот човек од претходно.

„Тој беше сјајна личност сè додека не престана да биде. Направивме сè што можевме за да ги предупредиме луѓето дека тој повеќе не е истиот човек“, рече Амброуз за „КУАМ“.

Share
Scroll to Top