Ана Винтур без сомнение е највлијателната жена во светот на модата, па не е ни чудо што модните дизајнери често ги менуваат колекциите во последен момент поради нејзиното мислење. Во продолжение ви ги прикажуваме правилата за добро стилизирање на најстрогата модна критичарка
1. Рециклирајте облека
Некои од најголемите светски ѕвезди никогаш нема да ги видите двапати во исто парче облека или комбинација. Ќе ја облечат еднаш и ќе заборават на неа. Ана не се согласува со тоа и нè советува да ја рециклираме облеката. Секогаш е забавно да се има нешто ново, но тоа не значи дека од него треба да исфрлите сè што веќе имате во вашиот плакар.
„Рециклирањето е во ред. Јас дури и би го препорачала да го правите тоа“, истакнува Ана Винтур.
2. Наместо на трендовите, верувајте им на класиците
Не дозволувајте во вашиот плакар да преовладуваат најпопуларните парчиња облека кои моментално се „ин“, и секогаш најмногу простор оставајте за класичната облека. Сепак, постојат и вечни трендови кои одамна станаа класици.
3. Избегнувајте логоа и натписи на облеката
Ана Винтур преферира дискретни парчиња облека, без впечатливи натписи и логоа кои го одвлекуваат вниманието од она што е најважно во модата – убавината на облеката, нејзиниот крој, дезен и боја. Купувањето такви парчиња е поисплатливо на долг рок бидејќи веројатно ќе се заситите од маици со некој инспиративен цитат или лик од цртан филм, но секогаш ќе сакате да носите едноставни маички бидејќи можете полесно да ги комбинирате во разни прилики.
4. Останете верни на облеката и обувките кои добро ви стојат
Ана го носи истиот модел на чевли повеќе од 20 години. Сандалите на Маноло Бланик првпат ги облече во 1994 година и оттогаш не може без нив.
5. Избегнувајте вештачки материјали
Кога Ана ја прашале кој моден тренд би го забранила засекогаш, таа одговорила: „Навистина не сакам најлон“. Највлијателната жена во светот на модата претпочита што е можно поприродни материјали.
6. Изберете облека која ѝ ласка на вашата фигура
„Килотите се одлична идеја ако сте високи како Карли Клос“, вели таа. Погрижете се да бидете поласкани од кроевите што сакате да ги носите за да го извлечете најдоброто од облеката што ја купувате.
7. Што подалеку од флуоресцентни бои
За време на минатогодишниот тениски турнир УС Опен, Винтур имаше еден важен совет за посетителите кои ќе ги следат натпреварите во живо: Не заборавајте да носите очила за сонце, особено ако тенисерите инсистираат да ги носат тие грди флуоресцентни бои. Таа сака смели бои и не се двоуми да ги носи, но во нејзината гардероба нема место за флуоресцентни бои.