Хера, ќерката на првиот вицепремиер Артан Груби матурираше во гимназија „Зеф Љуш Марку“, во Скопје. Нејзиниот татко сподели неколку фотографии од нејзината матурска вечер, а во очи падна и фустанот кој го носеше таа. Хера заврши гимназија во истото училиште во кое завршиле и нејзините родители ни откри во разговор за Репортер, Артан Груби.
Тој вели дека неговата ќерка е одлична ученичка низ сите четири години, и дека сè уште не знаат каде ќе студира, но секако дека тоа ќе биде тука во својата земја. Го прашавме првиот вицепремиер и за изборот на фустанот, на што Груби, ни открива: „Фустанот е креиран од дизајнерот Пајтим Раци од Косово, и нејзин избор беше од прв ден. Фустанот е со рачно креирана скулптура во форма на корсет, но морав неколку пати да ја носам на избор, на проба. Исто така и шминката и фризурата беа во Приштина кај Selma & Kaci, додека чевлите, накитот и чанта се од Скопје“, ни рече Артан Груби за Репортер.

Го прашавме и дали е љубоморен татко но и колку е близок со својата ќерка. На тоа тој вели: Не сум љубоморен татко, но имам големи очекувања и многу ги предизвикувам децата, за да ги спремам да се соочат со општеството и со животот. Немаат привилегија во ништо. На пример, ќерка ми две години работи сезонски, а така ќе биде и годинава“, открива Груби

Ни откри и дека се многу блиски и дека разговараат за се. „Многу сум близок со Хера, првороденче ми е, а таа е и првородено дете во нашето семејство, значи синовите и ќерките на браќата во фамилијата се родени по Хера. Името и е од божицата Хера од грчката античка митологија, сопруга на Зевс и убава по Афродита, божица на женските права и бракот.

Хера на Груби свири пијано, а сака и организирање на настани: Беше дел од моите последни две кампањата, дел од Тик-Ток кампањата, а брендираните патики со изборниот број, мотото и логото на партијата беа нејзина идеа“, ни откри првиот вицепремиер.
Александра Георгиев







