Морам да заминам од Холивуд пред да удрам некого, рече Џим Кери по одлуката дека го напушти актерството

Морам да заминам од Холивуд пред да удрам некого, рече Џим Кери по одлуката дека го напушти актерството

пред 3 години

Популарниот актер Џим Кери, кој неодамна ја информираше јавноста дека се повлекува од светот на актерството, се пошегува за неодамнешниот случај кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок.

„Морам да си одам одовде пред да удрам некого. Искрено, чувствувам дека има многу важни работи кои ги игнорирав бидејќи долго време бев зафатен“, изјави комичарот.

„Морам да надокнадам 25 години „Mystery Science Theater“ (научно-фантастична хумористична серија). А тука е и сликањето, јас сликам. Ќе објавам NFT. Наскоро ќе го објавам на Твитер. Сè уште ми е забавно”, продолжи Кери, велејќи дека ќе се залага за „уникатност“.

„Сакам да бидам ужасно нормален. Дека ништо не се случува. Многу ништо“, рече Џим.

За потстеување, минатата недела тој ги информираше сите дека се повлекува од Холивуд.

„Одам во пензија, сериозно. Освен ако анѓелите не ми донесат уште некоја скрипта напишана со златно мастило и да ми речат дека луѓето мораат да го видат. Можеби тогаш ќе продолжам да глумам“, истакна тогаш Џим и додаде дека го сака својот мирен живот.

Тој додаде дека сака да живее мирен живот иако можеби на прв поглед така не им се чини на публиката.

„Така се чувствувам во овој момент. Тоа е нешто што можеби никогаш нема да го слушнете од други познати лица, но јас имам доволно направено во мојата кариера“, рече Кери.

 

Среќен сум и заминувам во пензија, Џим Кери го напушта актерството

 

 

Share
Scroll to Top