Мрме дал оставка во Горица по осум порази, газдата го одбил и побарал да го среди тимот

Мрме дал оставка во Горица по осум порази, газдата го одбил и побарал да го среди тимот

пред 1 година

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски Мрме, по два месеца на клупата на хрватска Горица, дал оставка, но газдата го одбил и од него побарал да го среди тимот. Според „Германијак“, Мрме решил да си замине оти тимот под негово водство има еден нерешен натпревар и осум порази, но нема ниедна победа. Горица е на последното место на табелата во хрватската лига по 14 кола, со само шест бода.

dobivaj vesti na viber

Ангеловски во Горица дојде на местото на Самир Топлак за да го извади тимот од резултатската криза, но за сега нема позитивни резултати. Хрватскиот клуб неколкупати беше оштетен од судиите и тоа го призна и судиската комисија, но не им донесе бодови по одиграните натпревари. Со Динамо и Хајдук примија голови во судиското надополнување и ги загубат мечевите, иако на неколку минути пред крај имаа нерешен резултат и еден бод.

Хрватскиот портал, Мрме по поразот од Локомотива Загреб му понудил оставка на првиот човек на клубот, Ненад Чрнко. Тие неколку часа анализирале сè во изминатиот период, по што Чрнко ја одбил оставката и побарал од Ангеловски да го среди тимот и да го извади од летаргија.

„Чрнко со одлуката да ја одбие оставката јасно покажал дека според него тренерот не е виновен или, во најмала рака, не е единствен виновник за лошите резултати. На Ангеловски му даде доверба и ветер во грб, ама и можност да ги смени играчите што не покажуваат резултати“, пишува порталот.

Share
Scroll to Top