Мувлосана храна и сирење со инсекти, луѓето разочарани од рускиот „Мекдоналдс“

Мувлосана храна и сирење со инсекти, луѓето разочарани од рускиот „Мекдоналдс“

пред 2 години

Мувлосана храна и инсекти кои лазат по неа, вака посетителите ја коментираат состојбата во рускиот Мекдоналд или „Вкусно и точка“.

„Мекдоналдс“ кон средината на месец јуни се повлече од Русија, по 30 години работење поради војната во Украина.

Според реакциите на гостите, храната во новиот руски Мекдоналд е далеку од познатата храна во оригиналниот ресторан.

На гостите им бил послужен мувлосан хамбургер и сирење полно со инсекти.

За да не биде работата дека ова е само шпекулација, незадоволните потрошувачи споделиле фотографии од своите оброци на социјалната мрежа Твитер, по што предизвикале многу коментари.

Share
Scroll to Top