Илјадници музеи и галерии ширум светот прикажуваат ликовна уметност, скапоцени артефакти и историски експонати. Сепак, постојат и некои уникатни, помалку познати музеи ширум светот. Многумина израснаа од личната колекција на фанатици, додека други се едноставно чудни.
Музеј за кутии за ручек во Колумбос, Џорџија
Во минатото сите имале омилени кутии за ручек – ситници во кои носеле сендвичи и овошје на училиште или на работа. Некои од нас ги паметат металните кутии од педесеттите и шеесеттите години – од црно-црвени платнени конзерви до оние украсени со налепници на омилените херои, пишува Listverse. Над кантри музичката станица во Колумбус, ќе најдете музеј кој прикажува илјадници кутии за ручек, термоси и ладилници. Сопственикот Ален Вудал првпат почнал да собира кутии за ручек кон крајот на 20 век. Неговата музејска колекција е отворена за јавноста и ја прикажува историјата на оваа скромна кутија од педесеттите до денес.
Музеј околувратници за кучиња во Кент, Англија
Околувратниците за кучиња се основен додаток за кучиња уште од средниот век. Кожните околувратници со шилеци првично се користеле за да ги чуваат ловечките кучиња од опасност, додека привилегираните кучиња носеле елаборирани околувратници со скапоцени камења. Во замокот Лидс во Кент има музеј посветен на околувратниците за сите времиња. Од 1976 година, музејот има изложено околу 100 околувратници за кучиња од средновековно до викторијанско време. Изложбата содржи околувратници кои изгледаат варварски според современите стандарди, како и елаборирани кралски ѓердани украсени со грбот на секој сопственик. Околу 500.000 луѓе го посетуваат музејот секоја година за да ја видат модата на кучиња низ пет века.
Музеј на бодликава жица во Канзас, САД
Патувајки низ која било рурална област во светот веројатно ќе наидете на калем од бодликава жица што порано ги заградувал околните имоти. Во Ла Крос, Канзас, постои цел музеј посветен на бодликава жица, со повеќе од 2.400 верзии. Музејот ја покрива историјата на бодликавата жица од нејзиниот пронајдок во 1870 година.
Музеј на тоалети во Сувон, Јужна Кореја
И покрај очигледниот извор на хумор, музејот всушност има сериозно потекло. Основачот Сим Џе-Дук, или попознат „Господин Тоалет“, работел на подобрување на тоалетите во градот. Оригиналниот музеј главно едукативен карактер за важноста на чистите тоалети. Од 2012 година, музејот се прошири за да ја прикаже историјата на тоалетите и писоарите ширум светот.
Музеј за коса во Аванос, Турција
Во Аванос, Турција, постои малку бизарен музеј. Уметникот Чез Галип собирал прамени од коса од повеќе од 16.000 жени. Од седумдесеттите тој собирал прамени коса од жените ширум светот. Разнобојни примероци од коса, означени со името и адресата на секој донатор, висат од секоја површина во музејот. Од посетителите не се бара да донираат коса.