Намирници што не смеете да ги јадете на празен стомак

Намирници што не смеете да ги јадете на празен стомак

пред 4 години

Конзумирањето соодветните намирници, во соодветната количина ќе му обезбеди на организмот потребна енергија за денот и обврските кои следат. Како прв и најважен оброк во денот, појадокот мора да содржи здрави намирници. Експертите истакнуваат дека постојат намирници чија конзумација треба да се избегнува на празен стомак. Исто така, не е здраво ни да го испиете првото утринско кафе пред појадокот.

Печива и квасец

Конзумацијата на производи врз база на квасец, на празен стомак, може да доведе до проблеми со надуеност и болки во желудникот. Експертите препорачуваат избегнување на лиснати теста и колачи со квасец за појадок.

Јогурт

Јогуртот е здрав, затоа што содржи млечни бактерии совршени за црвената флора, но доколку се конзумира на празен желудник, па истите бактерии можат да влијаат врз смалување на желудичната киселина.

Домат

Доматот е полн со витамини и антиоксиданси, во прашање е здрав вид на зеленчук, но доколку се конзумира само за појадок, во комбинација со желудичната киселина, може да предизвика голема болка во желудникот.

Краставица

Експертите препорачуваат избегнување на сиров зеленчук за појадок. Краставиците можат да предизвикаат несакана надуеност и мачнини.

Аргуми

Во семејството аргуми спаѓаат портокалот, лимонот, грејпфрутот, мандарината, кои се богати со витаминот Ц. Иако се прилично здрави намирници, нивната киселина може да предизвика оштетување на слузокожата, кое може да биде доста болно.

Share
Scroll to Top