НАСА планира судир со астероид

НАСА планира судир со астероид

пред 3 години

Од американската вселенска агенција НАСА, се подготвуваат да лансираат ракета која треба да се удри во астероид, пренесе „Си-ен-ен“. Американците сакаат да направат тест и да се подготват за одбрана од секаква потенцијална закана во иднина.

Првата мисија им се вика ДАРТ и целта ќе биде да ја лансираат ракетата „Спејс икс фалкон 9“, која ќе удри во астероид, со цел или да го уништи или да ја помести неговата патеката на движење. Таа ќе биде лансирана на 23 ноември од базата Ванденберг во Калифорнија.

Станува збор за лунарен астероид наречен Диморфос. Тој е долг 160 метри и е оддалечен милиони километри од Земјата. Диморфос орбитира околу поголем астероид наречен Дидимос, кој е долг 800 метри. Двата астероиди во септември 2022 година ќе и се доближат на Земјата.

Тие ќе бидат оддалечени од на 4200 милиони километри. Ракетата која ќе биде испратена од Земјата ќе се движи со брзина од околу 24.000 километри на час. Американците се надеваат дека ќе ја намалат брзината на Диморфос за околу еден процент.

Тоа ќе биде доволно за да му ја променат орбитата на помалиот астероид. Целата акција НАСА ќе ја следи преку телескопите од Земјата. Мисијата ДАРТ има за цел да ја одбрани Земјата од астероиди, а крајната цел на оваа мисија е да се добијат и повеќе информации за во иднина.

„Познато е дека астероиди и делови од астероиди летаат и паѓаат кон Земјата цело време. Секоја година нѐ погодуваат предмети со големина на маса“, рече Енди Ривкин, еден од водачите на мисијата ДАРТ од лабораторијата за применета физика на универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според него, објекти како Диморфос и Дидимос летаат кон Земјата на секои неколку илјади години и се доволно големи за да предизвикаат значителна штета.

Мисијата ДАРТ, развиена за НАСА од Лабораторијата за применета физика на универзитетот „Џонс Хопкинс“, ќе користи „евтини“ вселенски летала опремени со два соларни реда, што значи дека ќе бидат долги 8,5 метри, – пишува веб-страницата „Проект“.

Леталото ќе биде опремено со камера, која исто така ќе помогне да се најде патот до Диморфос, и со сателитска коцка од италијанско производство, која ќе се оддели од леталото пред ударот и ќе го фотографира судирот.

Share
Scroll to Top