Го надминав лошиот период и сега уживам во бременоста: Водителката Милена Антовска чека уште една ќерка

Го надминав лошиот период и сега уживам во бременоста: Водителката Милена Антовска чека уште една ќерка

пред 2 години

Водителката Милена Антовска Станковска е во 28-ма недела од бременоста, а во јануари треба да се породи со своето второ дете. И овој пат е бремена со ќерка, па вели дека е пресреќна и дека ужива во деновите на бременоста.

„Разликата меѓу двете ќерки ќе биде 4 и пол години и мислам дека е одлична разлика, затоа што Лана Марија веќе сè разбира и многу се радува, а се надеваме и дека ќе ни помага. Лана Марија не покажува знаци на љубомора, напротив, многу е среќна и возбудена, но ќе видиме на дело кога ќе ни дојде бебето дома“, открива Антовска во разговор за „Репортер“.

Иако ја фаќа малку паника за тоа како ќе биде со две деца вели: „Размислувам уште сега околу организацијата, но ги имам моите најблиски до мене така што не се плашам. Само да ни се роди бебето живо и здраво и сè друго ќе биде како што треба“, вели таа во разговорот за „Репортер“.

Засега, добро се носи со бременоста и нема некои проблеми.  Иако, за разлика од првата бременост, сега вели дрка ѝ е потешко.

„Со Лана Марија се породив во 38-та недела, е сега ќе видиме како ќе биде со ова бебе. Генерално физички изгледам исто како кога бев бремена со првото дете. Не сум воопшто здебелена. Искрено, не внимавам премногу околу исхраната  туку јадам се што ми се јаде и колку ми се јаде, а заради генетиката немам проблем со килограмите“, раскажува водителката.

Како и секоја трудница, така и таа одвреме навреме размислува околу терминот за породување. Не крие и дека ѝ е по малку страв, за кој вели дека е умерен како и кај секоја жена.

„Стравот постои нормално како кај секоја трудница и како што се наближува терминот за породување се повеќе се плашам, ама се е во граници на нормала. Оваа бременост ми е малку потешка, побрзо се заморувам и ми треба повеќе одмор и спиење во однос на првата бременост“, раскажува Антовска.

„Неодамна таа во интервју за „Репортер“ ни раскажа за нејзината бора со анксиозноста и паничните напади со кои се соочуваше. На прашањето како е сега и дали и со тоа се уште има проблем или некои стравови се надминати, таа вели: „Сите сме имале лоши периоди во животот и здравствени и од друга природа, но сега кај мене преовладуваат само убави и позитивни чувства, добро се снаоѓам и верувам дека така ќе ја истуркам бременоста до крај. Јас веќе сум дома, односно на породилно отсуство, со Лана сме заедно многу повеќе време и тоа навистина ме исполнува. Некогаш е тешко затоа што знаеме дека децата си бараат внимание и посветеност, но одлично се снаоѓаме“ вели Милена.

Александра Георгиев 

Share
Scroll to Top