Крис Хемсворт одбил да јаде месо пред да ја бакне Натали Портман

Натали Портман за еден од најдобрите филмови на сите времиња

пред 9 месеци

Натали Портман може да се пофали со завиден репертоар на филмови во кои глумела.

Портман се појави во Леон Професионалецот, трилогијата на предпродолжението на „Војна на ѕвездите“, Џеки и Црниот лебед, што и донесе Оскар за најдобра женска улога.

Нејзиниот последен проект е Мај-Декември, кој започна да се емитува на Нетфликс. Таму глуми со Џулијан Мур, а критичарите ги пофалија актерките, нарекувајќи ги маестрални и фантастични.

Тод Хејнс работеше на филмот, а Портман беше таа која во интервју за „Frame“ изјави дека неговиот филм „Safe“ е најдобриот што таа го видела. Главната улога во филмот ја толкува нејзината колешка о Џулијан Мур.

„Safe е еден од најдобрите филмови на сите времиња. Глумата на Џулијан Мур е една од најдобрите изведби досега. Најмногу поради положбата на жената во општеството, еколошките катастрофи и односот меѓу нив“, изјавила актерката, пренесува „Индекс“.

Share
Scroll to Top