Ариана Гранде урна дваесет Гинисови рекорди

Ариана Гранде урна дваесет Гинисови рекорди

пред 3 години

Светската ѕвезда Аријана Гранде дваесет пати е запишана во Гинисовата книга на рекорди. Таа сруши пет рекорди откако излезе нејзиниот последен албум „positions“.

Според Гинис, Ариана сега е рекордер по бројот на песни што дебитираа на врвот на американските топ листи, и тоа positons, thank u next, 7 rings, Stuck With U и Rain On Me, сите објавени во претходните две години. Најблиску до неа се Мараја Кери, Дрејк, Џастин Бибер, Тревис Скот и Тејлор Свифт, на кои тоа им успеа само три пати.

Ариана е запишана и како жена со најмогу следбеници на Инстаграм, има рекорден број слушатели на Spotify за еден месец во женска конкуренција, а на оваа платформа ја следат над 54 милиони луѓе. Таа е втора во генералниот пласман, зад Ед Ширан.

Гранде е единствената ѕвезда во историјата која истовремено се наоѓаше на првите три места на американските топ листи во 2019 година. Само Битлси имаа таков успех, уште во 1964 година.

Ариана е и првата жена што самата се симна од врвот на американските топ листи и таа е единствената што имаше 11 песни меѓу првите 40 во еден момент.

Некои од рекордите што ги држи се невообичаени, па нејзината тетоважа Eevee од Pokemon е прогласена за најпопуларна Eevee тетоважа.

Share
Scroll to Top