Научниците во шумите на источниот брег на Австралија открија два нови вида животни, торбати со големина на глушец, со големи уши и долга опашка која им помага да се движат од дрво на дрво. До неодамна ваквите суштества беа класифицирани како еден вид животно, но сега научниците открија дека всушност постојат три различни видови.
„Биодиверзитетот на Австралија само што се збогати за два нови видови на торбари. Ова не е секојдневие, да биде потврден нов вид на цицач, и тоа не еден, туку два. Научниците штотуку потврдија две нови животни“, рече професорот на универзитетот „Џејмс Кук“, Ендру Крокенбергер.
Научниците долго време се сомневаа дека постојат повеќе видови од ова животно, но досега немаа доволно докази да го потврдат тоа.