Во националниот парк Карлсбад Каверс во Ново Мексико, САД научниците откриле уникатна пештера со базен полн со уникатно млеко, пренесува Дејли стар.
Базенот што го пронашле е опкружен со бели замрзнати карпи, додека водата што тече е матна со кремаста нијанса која потсетува на млеко.
И додека многумина се надевале дека тоа е магично млеко, научниците потврдиле дека тоа е оптичка илузија со оглед на тоа дека водата е кристално чиста.
Овој базен е пронајден на дури 213 метри под земја, а научниците не можеле да го сокријат задоволството од таквото откритие.
„Истражувањето на пештерата понекогаш дава мали, но чудесни глетки“, напишале во објавата.
Пештерата Карлсбад се извор на истражување со децении и често се откриваат нови области. Во 2012 година, истражувачите пронајдоа целосно нова мрежа на меѓусебно поврзани тунели што водат до џиновска просторија долга скоро 182 метри и висока 45 метри.