Најголемиот дигитален фотоапарат во светот наскоро ќе биде пуштен во употреба

Најголемиот дигитален фотоапарат во светот наскоро ќе биде пуштен во употреба

пред 2 години

Најголемиот фотоапарат во светот го поготвуваат за употреба техничарите на американската Линеарна акцелераторска лабораторија „Стенфорд“ – СЛАЦ, во Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Проект почна пред неколку години.

„ЛССТ-камерата“ е скоро составена, така што и посетители имаа можност да ја видат. СЛАЦ беше домаќин на 21 гостин од 14 различни медиумски организации коишто се занимаваа со различни интереси. Главна задача на новиот фотоапарат ќе биде астрономско синоптичко истражување на наследството на просторот и времето.

Се работи за дигитален фотоапарат со 189 сензори кои можат да ја уловат светлината што доаѓа од ѕвездите и другите небесни тела и да ја претворат во електрични сигнали, кои потоа се претвораат во дигитални фотографии. Најголемата леќа на камерата има вкупно 3,2 гигапиксели и дијаметар од 1,57 метри и е најголемата леќа некогаш направена.

Тимот научници неодамна го тестираше системот за промена на блендата и филтерот на камерата и штотуку се инсталирани две динамични компоненти. Камерата од 3.200 мегапиксели ќе прави фотографии за 10-годишното истражување на Опсерваторијата „Рубин“, којашто се наоѓа на Андите во Чиле.

Менаџерот на проектот „ЛССТ“, Винсент Рајот појасни дека сензорите се екстремно скапи за производство, а лесно може да се оштетат поради неусогласеност.

Опсерваторијата каде што апаратот ќе биде поставен се наоѓа на врвот на 2.682 -метарската планина Серо Пачон во северен Чиле.

Share
Scroll to Top