Најпосакувани модни трендови за 2021 година

Најпосакувани модни трендови за 2021 година

пред 6 месеци

Следната година во тренд ќе биде сè, од цветен принт до плетени парчиња. Овојпат, акцентот ќе биде ставен на едноставноста, велат стилистите. Во тренд ќе бидат едноставни кроеви, но и ведри бои што ќе направат секој стајлинг да биде поатрактивен. Модните експерти велат дека ќе можете да експериментирате и да си поигрувате со модните трендови, но и да спојувате наизглед, неспојливи парчиња.

Трендови што ќе доминираат во текот на следната година:

Пачворк

Пачворкот претставува интересна техника на шиење која различните парчиња ткаенина, по одреден шаблон, ги спојува во целина. Најинтересните пачворк изработки се со креативно измислен дизајн.

Плетена облека

Плетените парчиња секој ден се сè популарни, па така тренерките, дуксерките, фустаните и здолништата, па дури и пантолоните се задолжителни во гардероберот на секоја жена од стил. Овој тренд ќе се задржи и во текот на 2021 година.

Силни бои

Колку пошарено, толку подобро, е правило по кое ќе се водат сè повеќе трендсетерки во текот на наредната година. Парчињата во силни бои, а спојувањето на две или три бои во еден стајлиг ќе биде добредојдено.

Проѕирни парчиња

Предизвикувачки и романтично, во исто време, така најдобро би го опишале овој тренд. Проѕирните парчиња кои ја скокоткаат фантазијата, а делуваат доста женствено се нешто кое ќе им се допадне на повеќето жени. Особено, фустаните, кои ќе бидат одличен избор за вечерните излегувања.

Спортска елеганција

Спојувањето на спортски и елегантни парчиња ќе биде доста популарно наредната година.

Морски мотиви на облеката

Овој разигран дезен ќе биде доста популарен во текот на целата година. Мотивите како што се морската ѕвезда и школките, често ќе ги гледаме на гардеробата.

Цветен принт

Овој принт нема намера да ја напушти модата сцена. Во текот на наредната година ќе биде актуелен.

Нагласени рамења

Парчињата со нагласени рамења ќе бидат доста популарни. Ваквите парчиња на сите жени одлично им стојат и прават фигурата да изгледа поскладна.

Share

AniWatch dubbed anime: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 2 (https://aniwatch.pro/m/O6zp/ep-2)

4Anime gleipnir 4anime: The Misfit of Demon King Academy Episode 13

Scroll to Top