Најчести летни додатоци за коса

Најчести летни додатоци за коса

пред 3 години

Во патната торба, подгответе ги овие три додатоци за коса кои ќе ви бидат потребни за на плажа, но и за вечерните прошетки покрај море.

Тие се практични, и благодарение на нив секогаш можете да изгледате шик и кул.

Големи шноли

Тие беа многу популарни во текот на деведесеттите години и сега повторно се во мода. Направете пунџа или само кренете ја косата нагоре, закачете ја шнолата и – тоа е тоа!

Марами

Тие се попрактични за патување отколку сламените капи, одлично се комбинираат со фустани, и овозможуваат шик изглед.

Ленти за коса

Тие ја отстрануваат косата од лицето, и се поудобна замена за плетенките. Достапни се во различни материјали и дизајни.

 

Share
Scroll to Top