Високиот крвен притисок е познат и како „тивок убиец“, бидејќи првично поминува без симптоми, но може да доведе до долгорочни болести и компликации. Многу луѓе имаат висок крвен притисок, дури и без да го знаат тоа.
Високиот крвен притисок е многу чест проблем, но со соодветен третман, редовни прегледи и здрав начин на живот, оваа состојба може да се држи под контрола. Меѓутоа, ако некое лице не се грижи за горенаведените работи, може да му наштети на неговото здравје и на тој начин да предизвика здравствени компликации.
Постојат симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок и тие се секако причината зошто треба да посетите лекар.
1. Главоболка
Кај пациентите со хипертензија, главоболката се манифестира главно наутро и нејзиниот интензитет и времетраење варираат. Тоа е опишано како непријатна пулсираност на едната или двете страни на главата. Во случај на прескокнување на терапија или ненадеен скок на притисокот, болката е посилна.
2. Замор
Лицето се чувствува уморно, поспано и без енергија. Ако некое лице спие ноќе помалку од 6 часа, целиот нервен систем е нарушен и ефектот на стрес врз организмот се зголемува, а тоа го зголемува заморот.
3. Зуење во ушите
Може да се појави звук којшто е невообичаен и непријатен. Обично се случува само во едното или двете уши, и се случува зуењето да е толку неподносливо што го нарушува сонот и расположението на една личност.
4. Заматен вид
Ова е еден од типичните симптоми на хипертензија и се јавува поради ограничување на протокот на крв низ мрежницата на окото поради намалување и оштетување на крвните садови кои пренесуваат крв во правец на двете очи. Заматениот вид потоа е проследен со диплопија, односно појава на двојни слики. Забележлив е и оток во пределот на очите.
5. Крварење од носот
Ненадејниот скок на притисокот предизвикува прекин на крвниот сад и губење на неговата еластичност, што е придружено со одлив на крв од ноздрите. Враќањето на нивото на крвниот притисок во нормала го запира крварењето.
6. Отежнато дишење
Отежнато дишење се јавува како резултат на зголемен притисок во артериите што се наоѓаат во респираторниот тракт. Често, тешкотиите во дишењето укажуваат на проблеми со срцето, како што се срцева слабост, нарушувања на срцевиот ритам и можни срцеви удари.
7. Замор
Заморот најчесто се поврзува со недостаток или слаб квалитет на спиење. Чувството на слабост и замор може да значат многу работи, а едно од нив е високиот крвен притисок.
Ако почувствувате некој од овие симптоми, најдобро е да го посетите избраниот лекар кој ќе ве упати за понатамошна анализа.
Се разбира, можете да преземете мерки на претпазливост и да се свртите кон здрав начин на живот.