На ист натпревар по убавина ќерка и мајка станаа Мис и прва придружничка

На ист натпревар по убавина ќерка и мајка станаа Мис и прва придружничка

пред 2 години

Ејми Мејсак од Шкотска беше победничка на изборот за убавина Ms Great Britain Classic, кој се одржа во Лестер. Ја освои титулата во истото натпреварување во кое мајка ѝ Лори заврши како прва придружничка.

Лори е мајка на четири деца. За емисијата на „Би-би-си“, „Добро утро Шкотска“, рече дека  ѝ се вратила самодовербата и дека сега ужива во животот. Но, признала дека се колебала дали да се пријави заради нејзините години.

„Кога сте во мои години често ви се јавуваат недоумици дали треба или не треба? Но, знаете што? Обожавам да сум во моите години“, рече Лори.

„Мислам дека за некој кој има четири деца или повеќе, човек ја губи самодовербата, а ова натпреварување дефинитивно ми ја врати“, објасни таа.

Нејзината ќерка Ејми, која работи како инвеститор во недвижнини, рече дека со години учествувала на натпревари по убавина и дека мајка ѝ отсекогаш ѝ била голема поддршка.

„Мајка ми секогаш доаѓаше со мене не изборите и секогаш навиваше за мене“, рече таа.

„Ги познавав мајките на сите други девојки кои исто така учествуваа на натпреварувањето и го сакав тој сјај и гламур на изборот. И реков дека треба да се пријави на изборот за убавина и ако добро се сеќавам, мислам дека ми одговори дека ако одам јас, ќе оди и таа“, рече Ејми.

Двете веруваат дека на изборите не е важен само изгледот. Објаснија дека тоа е опкружување во кое жените меѓусебно се поддржуваат. Еми додаде дека изборите имале позитивно влијание на неа и дека тука ги запознала некои од нејзините најблиски пријатели.

Ејми рече дека во изминатите 12 месеци за нејзиното семејство биле вистински предизвик. Претходно годинава ѝ била дијагностицирана автоимуна болест Лупус, а нејзиниот дедо со кого била многу блиска неодамна починал.

Ејми сподели дека натпреварот вклучува различни категории и дека верува дека се издвојува од толпата затоа што дизајнирала работилница за зајакнување на жените наречена „Limitless“.

Со неа таа сака да ги поддржи жените давајќи им ги алатките и вештините што им се потребни за да ги надминат различните животни предизвици.

 

Nakon uspjeha na izborima u ljepoti Amy i Laurie nisu sigurne hoće li se ponovo natjecati, ali obje kažu da ‘nikad ne treba reći nikad’.

Share
Scroll to Top