На Никола Димитров му падна паричето, рече мислете му ја!

пред 4 години

Откако вчера рече дека нема доверба во тимот што ги води преговорите со Софија и се прости од владината функција, денес вицепремиерот Никола Димитров, расположен се пофали дека му паднала паричката за Василица. Објави и слика од трпезата и напиша: Ми падна паричето! Мислете му ја!

За потсетување, вчера Димитров  кажа дека нема целосна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи велејќи : Во однос на ова прашање  има едно чувство дека таму има еден „драјв“ за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. За мандатарот Димитар Ковачевски,  Димитров оцени дека не се разбира во надворешна политика, па му го понудил амбасадорското место во Вашингтон и тврди дека тоа е потег за да го „тргнат на страна“, иако тој смета дека местото му е во Македонија.

Share
Scroll to Top