Невеста на свадбата понудила само веганска храна, гостите си порачувале пици

Невеста на свадбата понудила само веганска храна, гостите си порачувале пици

пред 6 часа

Невеста на „Редит“  се пожали за она што и се случило на нејзината свадба. 28-годишната веганка откри дека се расплакала откако гостите на нејзината свадба нарачале пици бидејќи вечерата била само веганска.

Невестата открила дека три години не јадела млечни или месни производи и решила да има исклучиво веганска вечера, но не ги известила гостите за тоа. Таа призна дека намерно избегнувала да им каже на гостите дека пред венчавката дека јадењата се вегански за да „нема предрасуди“.

„Ние намерно не спомнавме дека храната е веганска на поканите бидејќи сакавме луѓето да уживаат во неа без предрасуди. Секое јадење е дизајнирано да биде вкусно и задоволувачко, без оглед на преференциите во исхраната“, објасни таа, додавајќи дека потрошиле 15.000 фунти. (18.000 евра) само за храна.

Но, нејзиниот план пропаднал кога нејзиниот братучед нарачал 20 пици и им рекол на гостите дека има „вистинска храна“. Неговиот потег ја налути и таа се расплакала. Ги праша корисниците на Редит што мислат.

Share
Scroll to Top