„Не беше лесно да се навива еден против друг“ - фудбалска ноќ во домот на балетската двојка Наташа Јосифовска и Василиј Чичијашвили

„Не беше лесно да се навива еден против друг“ – фудбалска ноќ во домот на балетската двојка Наташа Јосифовска и Василиј Чичијашвили

пред 8 месеци

Вчерашната фудбаска ноќ не беше лесна за балетската брачна двојка Наташа Јосифовска и Василиј Чичијашвили, првенци и балетски солисти во МОБ. Тој е од Грузија, таа од Македонија. Со години живеат во Скопје, но често одат во Грузија кај семејството на Василиј. За тоа како минала вчера ноќта и како навивале во населбата Аеродром каде живеат, Натша ни раскажа дека не било баш лесно.

„Кај нас дома беше многу весело. Си навивавме и за едните и за другите , ама нема луење, подобри бевме. Василиј за време на натпреварот си беше на линија со Реваз Чантурија,  ракометарот од Грузија што игра во Прилеп, си се бодреа цело време, ама џабе им беше. Подобри беме “, низ насмевка за “Репортер“ ни раскажува балерината Наташа Јосифовска којадевет години е во брак со Василиј Чичијашвили.  Двојката ја има осумгодишната ќерка Елене.

 

Наташа ни раскажа и дека колку и да било напнатпо вчеравечер дома, сепак, најголема радост и  на двајцата им било голот на Пандев.

“Ама искрено ни беше најмногу ќеф дека Пандев на крај на кариерата, ете ќе заигра на Европско. А, за победата и навивањето ќе се радувавме и Грузија ако победеше исто како за Македонија. Јас сум убедена дека Грузија и носи среќа на Македонија, барем мене ми донесе среќа, па го запознав Василиј и еве не заедно. И морам да кажам дека и ноческа се потврди дека спортот и уметноста се најдобрите амбасадори на Македонија“, раскажува Наташа за „Репортер“. 

Ако сакаш напиши дека

Александра Георгиев 

 

 

 

 

 

Share

AnimeFreak anime freak: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://animefreak.ws/m/aZo) Episode 25

WCOStream dubbed anime: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) (https://wcostream.cc/m/RWWg) Episode 39

Scroll to Top