Интернет ѕвездата Хасбула Магомедов одбил да се сретне со Дрејк

Интернет ѕвездата Хасбула Магомедов одбил да се сретне со Дрејк

пред 1 година

Најголемата интернет ѕвезда на денешницата, 20-годишниот Русин Хасбула Магомедов, одбил да се сретне со популарниот рапер Дрејк, бидејќи распоредот наводно му бил презафатен.

dobivaj vesti na viber

За време на подкастот Full Send host Кајл Форгерд на прашањето каква музика слуша и дали сака рапери, Магомедов одговорил дека не го интересира музиката.

„Но, понекогаш раперите како Дрејк, 50 Cent и Tyga ми испраќаат песни“, додал тој.

Водителот во тој момент го праша дали зборувал со Дрејк на Инстаграм, на што Хасбула изјавил дека незнае кој е, но му испраќал пораки и го следел на социјалната мрежа.

На прашањето што му рекол Дрејк, Хасбула рекол: „Заборавив, не го прочитав“. Тогаш Хасбула побарала некој да му го донесе мобилниот телефон, па Кајл ја прочитал пораката на Дрејк: „Ти си мојата инспирација, кога ќе се видиме?“.

На што 20 годишната интернет ѕвезда одговорила дека наводно има презафатен распоред и нема слободен термин за да се види и поразговара со раперот.

Share
Scroll to Top