Не е нормално децата да не може да си го видат својот татко: Олена Зеленска за животот со украинскиот претседател во време на војна

Не е нормално децата да не може да си го видат својот татко: Олена Зеленска за животот со украинскиот претседател во време на војна

пред 7 месеци

Олена Зеленска, првата дама на Украина, проговори за својот приватен живот и за тоа како војната влијаела врз нејзиниот брак со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленска даде интервју за Си-ен-Ее, во кое откри дека не смеела често да се гледа со сопругот, а кога ќе се видела, тоа било само кратко.

„Ова не е нормално, не е нормална врска, кога децата не може да си го видат својот татко и мораат да разговараат со него на телефон. Затоа нашата врска моментно е на пауза, како и односите на повеќето Украинци“, рече Зеленска.

Од безбедносни причини, Олена и нејзиниот сопруг Володимир се гледаат само повремено и кратко, а во првите два месеца од рускиот напад воопшто не се виделе.

„Периодот кога воопшто не можев да го видам мојот сопруг, за среќа, сега се минато. Сега можам да го видам понекогаш. Не често и не долго, но физички го чувствувам“, рече првата дама на Украина.

Зеленски и неговата сопруга одбија да ја напуштат Украина по почнувањето воена операција на 24 февруари од страна на Русија, а во првите два месеца од војната семејството воопшто не можеше да се види. Зеленски живееше во својата канцеларија со својот персонал, а Олена и нивните две деца на возраст од 17 и 9 години биле сместени на тајна локација.

Share
Scroll to Top