Нина и бебето дојдоа да му бидат поддршка на Борко

Нина и бебето дојдоа да му бидат поддршка на Борко

пред 2 години

Македонскиот голман и ракометар на Вардар, Борко Ристовски, на денешната закажана прес конференција за новинарите, дојде со сопругата Нина и ќерката Анастасија.

Сопругата со ќерката дојде како поддршка за Борко кој денес на новинарите им ја објасни состојбата за неговата суспензија од МОК.

За потсетување, Борко годинава вторпат стана татко, а за „Репортер“ ни рече дека е пресреќен што добил ќерка која ја крстиле Анастасија по празникот Св.Атанас.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија“, рече Борко кој со Нина го имаат и синот Душан.

Борко Ристовски: Ќе го тужам Димевски на Меѓународниот суд во Лозана, а парите што ќе ги добијам ќе им ги поделам на фудбалерите и ракометарите на Вардар

 

Share
Scroll to Top