Нина Кравиц руската техно дива и легендарниот словенечки бенд „Лајбах“ се главните ѕвезди на фестивалот Скопје колинг, кој ќе се одржи на 7 јули на стадионот на АРМ во Градски парк. Покрај нив, ќе настапат уште три регионални ѕвезди од поновиот бран: ланската претставничка на Србија на Евровизија, Констракта, српската електропоп група „Буч Кесиди“ и нејзиниот хрватски пандан „Ниплпипл“. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре, по цена од 1.500 и 2.000 денари. О(рганизатори се „Авалон продукција“.