Новак е заглавен на аеродром во Австралија, одбиена му е визата за влез во земјата

Новак е заглавен на аеродром во Австралија, одбиена му е визата за влез во земјата

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ е заглавен на аеродромот во Мелбурн, оти, наводно, имал погрешно барање за виза, па граничната полиција не му дава дозвола за влез во Австралија.

Ѓоковиќ денеска пристигна во Мелбурн, но остана на аеродромот заедно со својот тим. Сега се чека тој да поднесе ново барање за влез во земјата и формално да го реши проблемот, но неизвесно е дали тоа ќе се случи. За експресен влез во Австралија потребно е Ѓоковиќ да е вакциниран или да има медицински доказ зошто не би можел да се вакцинира.

Откако организаторот на Австралија опен му даде дозвола на Ѓоковиќ да настапи на тенискиот турнир, со медицинско изземање, тоа покрена многу реакции. Претходно премиерот на Австралија, Скот Морисон се закани дека нема да направат никаков исклучок за Ѓоковиќ и тој може да биде вратен од аеродромот.

„Секој што сака да влезе во Австралија мора да ги исполнува нашите барања. Новак Ѓоковиќ кога ќе пристигне во Австралија, ако не е вакциниран, ќе мора да покаже документ дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Ако неговиот доказ не е доволен, уште со следниот лет ќе биде пратен дома. Не смееме да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ, ниту за кој било друг човек“, изјави премиерот Морисон.

Со месеци не можевме да одиме ни на погреб, а Ѓоковиќ невакциниран може да влезе во Австралија: бурни реакции по добивањето медицинско изземање

Share
Scroll to Top