Нова теорија на научниците, темната материја не постои

Нова теорија на научниците, темната материја не постои

пред 8 месеци

Веќе со децении астрономите и физичарите разговараат и ги кршат копјата околу тоа како вселената е исполнета со егзотична материја, наречена темна материја, која го објаснува чудното гравитационо однесување на галаксијата и групите галаксии.

Темната материја, според математичките модели, чини три четвртини од вкупната материја во вселената. Сепак, тоа никогаш не е видено или во целост објаснето. И додека постоењето на темни материи, стана преовладувачка теорија која ја објаснува една од поголемите мистерии на вселената, некои научници бараат алтернативно објаснување за делувањето на галаксијата.

Сега меѓународен тим на научници вели дека пронашле нови докази дека темната материја можеби воопшто не постои, пренесува „НБЦ њуз“.

Во истражувањето објавено во списанието Astrophysical Journal, се наведени научни извештаи за мали отстапувања во орбиталните брзини на далечните ѕвезди кои водат до заклучок дека темната материја воопшто и не постои.

Веројатно, во тој случај, чистата математика би можела да објасни зошто галаксиите се однесуваат онака како што се однесуваат, вели Стејси Мего, која е главна во делот за астрономија на Универзитетот Case Western Reserve, во Кливленд.

Новото истражување сугерира дека знаците на слабите гравитациони плими, познати и како ефект на надворешен простор, можат статистички да се забележат во орбиталните брзини на ѕвездите во повеќе од 150 галаксии.

Авторите велат дека тој ефект не може да биде објаснет со теориите на темната материја, но може да се модификува со теоријата на Њутновата динамика, MOND.

Њутн во својата теорија дека објектите меѓусебно се привлекуваат со помош на сила која варира во зависност од нивната маса, ја осмислил на основа на набљудувањето на орбитата на планетата. Со усовршување со помош на Ајнштајновата теорија во 20. век, Њутновата теорија и понатаму е запрепастувачки точна, пренесува T portal.

Формулацијата MOND е дополнително формулирана во осумдесетите години од страна на израелскиот физичар Мордехаи Милгром, како би го објаснил забележаното отстапување без темната материја.

Тој вели дека гравитацијата предизвикува мало забрзување, на толку ниско ниво, што може да се види само на објекти со големина на галаксија. Ова би значело дека објаснувањето на темната материја не е потребно.

До сега, МOND преживеа неколку научни тестови, но повеќето истражувачи сепак и понатаму ја фаворизираат теоријата според која постои темната материја. Останува да видиме дали оваа теорија ќе ја промени научната клима.

 

Share

Animepahe: Mermaid Forest (Dub) anime episode 13 online free at https://animepahe.cc english dubbed anime

WCOStream: GeGeGe no Kitaro anime episode 97 online free at https://wcostream.cc wcostream attack on titan

https://animedao.nl seven deadly sins animedao

Kentoushi Episode 1

Vingle: https://www.vingle.net/posts/3825125

Danluat thuvienphapluat: https://danluat.thuvienphapluat.vn/thanh-vien/animeflixnl

Scroll to Top